Бизнисмените едногласни - бизнис-климата се влошува

Bez autora
Aug 01 2010

Најголемиот дел од македонските менаџери не се задоволни од бизнис-климата и мислат дека таа се влошила во вториот во однос на првиот квартал од годинава. Состојбата со корупцијата и со уцените кај бизнисмените станале уште позасилени од почетокот на годината, а како полош е оценет и дијалогот меѓу политиката и бизнисот, што предизвикало бавно спроведување на реформите во стопанството. Тоа го покажале резултатите од анкетата спроведена во 54 компании, пет асоцијации и една општина. Прашалникот содржел 33 прашања, поделени во 3 области, легислатива, макроекономски фактори и компании. Како екстремно лоши биле оценети ефикасноста на државната економија, пристапот до државна помош, компаниските достигнувања, продуктивноста и профитабилноста...

Бизнисмените едногласни - бизнис-климата се влошуваНајголемиот дел од македонските менаџери не се задоволни од бизнис-климата и мислат дека таа се влошила во вториот во однос на првиот квартал од годинава. Состојбата со корупцијата и со уцените кај бизнисмените станале уште позасилени од почетокот на годината, а како полош е оценет и дијалогот меѓу политиката и бизнисот, што предизвикало бавно спроведување на реформите во стопанството.

Тоа го покажале резултатите од анкетата спроведена во 54 компании, пет асоцијации и една општина. Прашалникот содржел 33 прашања, поделени во 3 области, легислатива, макроекономски фактори и компании. Како екстремно лоши биле оценети ефикасноста на државната економија, пристапот до државна помош, компаниските достигнувања, продуктивноста и профитабилноста.

Компаниите се пожалиле и на нередовното сервисирање на јавниот долг кон нив, на неможноста да дојдат до државна помош за време на криза, на се' помалото инвестирање во новите технологии за поквалитетно производство, што е хендикеп за пласманот на домашниот и на странските пазари, а со што автоматски се намалува и профитот кај компаниите.

Како и во првиот квартал, големо незадоволство бизнисмените и сега покажале за макроекономските фактори. Само на едно од вкупно 11 прашања дале позитивен одговор. Негативни биле оценките и за владината економска политика и достапот до информации, а испитаниците одговориле со најмногу негативни одговори на прашањето за еднаков пристап пред законот. Околу 70 отсто од менаџерите дале оценка од минус 2. Втори најлоши оценки имало за прашањето за пристап до финансиите, каде што негативна вредност од минус 2 дале 51 отсто од испитаниците, а оценка од минус 1 дале 48 отсто од нив. Овие негативни одговори би можеле да бидат поврзани со економската криза што ја зафати земјава, се констатира во извештајот од прашалникот спроведен во рамките на ИДО-проектот за истражување и мерење на индексот на деловното опкружување. Тој започна во Македонија во првата половина на 2010 година, во партнерство меѓу бизнис алијансата на Словачка (БАС) и Конфедерацијата на работодавци.

Лошиот квалитет на инфраструктурата е втората главна пречка за развој на бизнисот, оцениле испитаниците. Околу 70 отсто од нив одговориле со минус 2 на прашањето за квалитетот на инфраструктурата, исто како и во прашалникот за првиот квартал од 2010 година. Значително полошо е оценета ситуацијата со кредибилноста и финансиската дисциплина меѓу бизнис-партнерите. Има и екстремен пад до пристапот до државната помош. Најголемо влошување на ситуацијата имало и во компаниските достигнувања, продуктивноста, профитабилноста и во ликвидноста, како и во приливот на пари и остварувањето на обврските.

Менаџерите оцениле дека има подобрување кај легислативата, даноците и инвестициите, што се должело на реформите во платниот систем и намалувањето на давачките за придонеси. И новините во Законот за работни односи биле позитивно оценети. Во последниот период имало и подобрување во ефикасноста на администрацијата, употребата на едношалтерскиот систем и добивањето разни дозволи.

Целта на прашалникот од ИДО-проектот е да се добијат информации за главните бариери што го кочат развојот на компаниите, што ќе биде барометар за подобрување на квалитетот на бизнисот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik